SETHSTAT
SETHSTAT е истакнат македонски џез-фјужн и њу-џез состав од Скопје. Формиран во раните деведесетти години, бендот повеќе од три децении ги поместува границите на регионалната музичка сцена, спојувајќи авангарда, слободен џез и панк-џез со традиционални балкански фолклорни ритми и влијанија од светската музика.


ГЛИГОР КОНДОВСКИ / ДОРИАН ЈОВАНОВИЌ
Глигор Кондовски и Дориан Јовановиќ се македонски музичари чии авторски практики се темелат на импровизација, експериментален пристап кон звукот и истражување на односот меѓу акустичните инструменти и електрониката. Кондовски настапува на виолина, додека Јовановиќ го користи утот како основен инструмент, создавајќи дијалог меѓу два различни, но комплементарни звучни јазика.
ЏЕЗ ЗА ЧУДАЦИ
Џез за Чудаци е неделен серијал на импровизирана музика и спонтана композиција што секој вторник се одржува во Скопје. Џез за Чудаци е прослава на чудните звуци и уште почудните луѓе што ги создаваат.


ПИЈАН СЛАВЕЈ
“Пијан Славеј” е музичко-поетски формат на Бранислав Николов, заедно со Пеце Трајковски и Славчо Јовев, (тројцата од групата “Фолтин”), во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
PEACH VICE
PEACH VICE (/ˈпич,-вајз/) е пост-пандемски бенд, роден од бурата на пред пандемскиот човек. Метафизичко дијалектички битија, со потреба за хаос и бес, ширење позитивен гнев и желба за развивање (не)свест
