Неколкумина прилепчани вљубеници во модерната JAZZ музика, а со желба за збогатување на музичкиот живот во градот, иницираа манифестација, која ја нарекоа Прилеп Џез викенд.
Prilep Jazz Weekend своето прво издание го има во септември 2012 година.
PJW е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто.
Во 2015 година фестивалот и официјално добива правен статус со регистрација во Централен регистар на РМ, основан од група на граѓани со повеќегодишно искуство за организирање на џез концерти и промовирање на џез културата во Прилеп.
Прилеп Џез викенд се одржува последниот викенд во месец август на летната сцена во Центарот за култура Марко Цепенков.