
„Секоја дефиниција е губење на слободата“, а Обоената програма ја бара својата слобода преку енергија и страст, чиста љубов и бескомпромисен рокенрол. Секој нивни концерт е можност за обнова на животната енергија и редефинирање на животните цели.
OBOJENI PROGRAM е бенд кој постои речиси четири децении и од првиот ден се наметнаа како група со автентичен музички израз, а таа „автентичност“ не е лесно да се дефинира. Бранислав Бабиќ Кебра и OBOJENI PROGRAM низ својата музика ги канализираат The Fall, Joy Division, Slits, Raincoats , но цело време успеваат да не звучат како ниту еден од гореспоменатите. OBOJENI PROGRAM се правец за себе, музички израз кој е неблагодарно да се споредува со било кој друг од постоечките. OBOJENI PROGRAM се избор што ќе го направиш во еден момент од својот живот и остануваш верен на него додека тој оган на слободата и бунтот тлее во тебе.
Кебра и OBOJENI PROGRAM се едни од малубројните среќници кои немаат проблем повторно да се измислуваат себе си, да пробаат нешто ново, да преземаат ризици и да изненадуваат. Од 1980 година до денес, низ бендот поминале најмалку педесет музичари, а дел од општата култура на цела една генерација е претставувањето на бендот во емисијата на легендарниот Џон Пил на радиото на Би-Би-Си и емитувањето на видеото за „981“ на емисијата „120 минути“ на МТВ.
Во текот на четири децении свирење, многу музичари учествуваа во работата на бендот, а фронтменот Бранислав Бабиќ Кебра е единствениот член на оригиналната постава. Заедно со него, долгогодишната постава на „Обоените програми“ ја сочинуваат Илија Влаисављевиќ Бебец на бас гитара, тапанарот Владимир Цинкоски Чина, а неодамна им се придружи и нов член, басистот Мики Ристиќ (поранешни Дарквуд Даб, Бела Техника, Сана Гариќ).
Почетокот на 2023 година OBOJENI PROGRAM го одбележа со реиздавањето на албумот ,,Kako to misliš: mi?” на винил, а минатата година беше издаден двоен албум во живо…