SAMURAI JAZZ QUARTET – Prilep Jazz Weekend – 2025

PJW годинава ќе биде домаќин на претставник од џез сцената на New York.

TOKU (познат како Џез Самурај) е џез вокалист и свирач на flugelhorn од Niigita, Јапонија. Откако издаде 14 албуми во последните две децении, TOKU одлучи да ја напушти Sony Music. Во 2021 година, среде глобалните превирања, TOKU  тргнува на патување за да се поврзе со светот преку својата музика…Тој е единствениот јапонски вокалист и свирач на flugelhorn.

Уште како мал, неговиот  татко влијае на него и го запознава и воведува во нежанровска музика, а веќе во основно училиште го добива првиот корнет за дувачки оркестар.

„Џезот често се карактеризира со синкопирани ритми и различни степени на импровизација. Но, исто така, чувствувам дека во неговата суштина постои елемент на почит. Во оваа ера на превирања, верувам дека џезот има своја цел. Импровизацискиот аспект на џезот, предизвикувајќи го непредвидливото. Ставот на еден кон друг да се почитува и искрено да се слуша од срце. Надминувајќи ги разликите, џезот покажува пат кон надежна иднина. Затоа сакам да продолжам да свирам. Сè додека на светот му е потребна музика.“

TOKU на фестивалот во Прилеп ќе настапи во придружба на врвни македонски артисти кои оставиле голем белег во Jazz & World music на меѓународната сцена.

ТОКУ – flugelhorn

Александар Петров – тапани

Оливер Јосифовски – контрабас

Симеон Петров – електрично пијано

https://www.tokujazz.com/en