„Hashima“ е белградски состав, кој соединува повеќе поранешни музички искуства и прави музика, која стилски е тешко да се категоризира. Како инспирација го издвојуваат Вејн Шортер, Василије Мокрањац, Игор Стравински, како и рок и фолк музиката. Поетиката ја црпат од европскиот уметнички филм и книжевност, кои сублимно се преплетуваат со ткивото на авторската музика и и даваат програмски карактер. Темите на композициите на Игор Мишковиќ воглавно го сочинуваат музичкиот мотив, кој низ аранжманот и слободната импровизација се развива до крајни размери без воздржување од бука или пак од суптилни лирски минијатури. Четири различни инструменти и сензибилитети се пронаоѓаат во форма соголена од традиционални стилски обележја со содржина инспирирана од далечниот, напуштен остров во Јапонија – Хашима.
Кон крајот на 2015 година го објавија деби албумот „Tideland“, за кој рецензиите ги напишаа New York City Jazz Record, Jazz Times, Jazz Wise.
„Хашима, необичен спој на класицизмот, балканскиот фолклор, авангардна бука и лиризам.“ – Thomas Conrad – Jazz Times
Гитара: Igor Mišković
Контрабас: VanjaTodorović
Тапани: Aleksandar Hristić
Тенор Саксофон: Srđan Mijalković