1.Дефинитивно Ве карактеризираме како успешен бенд, која е Вашата тајна..?
Тајната претпоставува дека нешто таиме, но во уметноста (ако музиката на Хашима можеме поопсежно гледано и така да ја наречеме) тајна може да постои само како возвишена цел, со големо Т. Кога создаваме и вежбаме за нас нема тајни.Сите си ги знаеме можностите и слабостите и тоа не прави уште посигурни.Музикаја што ја изведуваме произлегува од хармонии на современата класична музика применети на jazz kombo состав со слободна импровизација, со кои одново се оживуваат и освежуваат однапред осмислени делови на аранжманот. Така да тој амалгам е практично автодидактичен и во него се можни изненадувања и за нас и за слушателите низ времето кое доаѓа.
Покрај секој успех доаѓа и пех. А нашиот ус-пех е да изведуваме музика која не е застапена во поголемиот број на клубови заради динамичната хетерогеност непријатна за луѓе кои сакаат да се одморат и да добијат жанровски утопистичка звучна слика која веќе со самиот концепт на Хашима деконструирана и неизводлива на тој начин.
2.Што очекувате од настапот пред прилепската публика?
Очекуваме луѓето да не слушаат и да реагираат, позитивно или негативно, а ние мораме да се потрудиме технички да испорачаме звук кој не би требало луѓето да ги остави рамнодушни. Понекогаш е доволен и еден човек кој ќе биде револтиран (како во случајот во Црна Гора „што дрнкаат овие?) или пак некој што ќе каже дека „ми поминаа морници" слушајќи музика и тоа е доволно за нас, и претставува доволно повратна информација и големо задоволство за нас.
3.Претпоставуваме дека многу стилови на музика влијаеле на Вас, но сепак носите свој печат на оргиналност..коку време ви било потребно да дојдете до него?
После класичната академија долго време го изучував џезот, и поминав низ многу џез работилници и слободни авангардни импровизации. После тоа собрав луѓе со различен карактер…контрабасист од фолклорната музика…бубњар, бивш металец кој ги надминал жанровските жици и саксофонист со класично образование кој има посебен лирски печат. Така што во суштина личностите остварија концепт кој беше во груби црти осмислен. Тоа доведе до ова што го слушате денес. Други луѓе би ја свиреле оваа музика сосема поинаку.
Времето е битно затоа што тоа зборува за посветеноста, а без посветеност не постои верба во вашата работа како уметник кон публиката.Луѓето и кога купуваат овошје одат кај човекот што со тек на времето му огрубеле рацете од работата во полето.Така што времето ја покажува посветеноста која им дава доверба и верба на луѓето во тоа што го работите.Без таа доверба не постои доволен степен на препуштање на чувствата на слухот на произведувачот на звучна храна.
4.Една од најчестите асоцијации за Џез музиката е импровизацијата…колку Вие импровизирате? (не само на сцена)
На едно интервју за работа , за професор по музика, Директорот на училиштето ми рече после моето излагање дека не смеам да го употребувам зборот „импровизација„ затоа што тоа во просветата се смета за неозбилно.Нормално конкурсот беше фиктивен и веќе се знаеше кој ќе го добие тоа работно место, така што целиот наш разговор во суштина беше импровизација.
Сепак, импровизацијата е своеврсен адреналински шок во кој човек реагира инстиктивно и најчесто многу поисправно и поавтентично одколку кога работите ги работи шаблонски. Во музиката , импровизацијата го појачува карактерот на изведувањето во кој изведувачот се вградува себеси во звучниот ѕид на композицијата.Колку што е послободна импровизацијата толку е почуден каменот што можи да се вгради во тој ѕид. Затоа во Хашима форсираме и апсолутно слободни делници кои зависат од моменталното расположение на личноста.
5. Кои ви се омилени светски музичари-бендови, издавачки куќи?
Поради експанзијата на музички информации, јас лично се оградувам од поројот на музика, така што најчесто се ограничувам на примање на музички информации од живи настапи. Мислам дека таа информација е многу појасна и дека денес човек може многу подобро да ја употреби одколку да слуша диск во кола или на компјутер.Во таа смисла редовно ги посетуваме фестивалите во Белград…Белградскиот џез фестивал и Ринг Ринг фестивалот за авангардна музика пред се. Тие што не можам да ги слушнам во живо, а уживаат голем авторитет и доверба, сепак најчесто ги преслушувам во нападите на слушање од неколку албуми со ред.
6. Дали имате познавање за Македонската Сцена?
Го познавам бубњарот Гоце Стевковски и тој е човек со кого секогаш би можел да разговарам за се…едноставно прекрасен човек и музичар. Музиката од неговите бендови е специфична, има допир со меинстримот но на еден посебен автентичен начин…се надевам дека ќе можам наскоро да го слушнам во живо. Голема работа е да се види џез музичар кој посетува џез фестивал и е спремен да прими нешто поинакво и ново.
Слушав многу музика од млади џез бендови од Македонија што ми ја носеле во Белград, и многу е пријатно да се слушне дека кај вас не постои срам и комплекс од националната етно музика.Белград и понатаму плашливо и со многу комплекси гледа на својата народна музика, како страв од пропагандата на наметнатиот комплекс на националната вина на војните кои се случија. Во таа смисла новите генерации на џез бендови во Србија полека го симнуваат темпераментот и мислам дека ќе одат во правец на Македонската џез мусика, т.е. џез со одредени елементи на етно музика, макар и во кратки црти.
7.Кога би ве напнале J за опис на Вашата музика, како би изгледало тоа?
Борба со невидлива ламја длабоко во ноќта, со моменти на одмор и конечно сонце кое сепак и понатаму излегува и ги враќа духовите на немирот во длабочината на земјата.
8. Бидејќи доста патувате и претпоставуваме дека имате свежи познавања на Балканската музика, како би изгледал Вашиот пресек на омилени изданија 2015-2016год…?
Можеби е ова прашање за џез критичарите или за луѓе кои имаат џез емисија на радио.
Јас сепак од сплетот на хаотични околности на слушање на Балкански музичари би го издвоил словенечкиот гитарист Само Саламон, кој има достигнато високо ниво на естетика и во своето свирење и во своите снимени композиции.Неговиот најнов дует со италијанскиот пијанист Стефано Баттаглиа "Њиндс" е музика полна со снага и научна сведеност во аранжманите.Освен тоа, морам да го пофалам бендот од Ниш ЕЅОТ , моите пријатели, кои успеаја да станат чести гости на многу меѓународни џез фестивали низ јазз-роцк пристап збогатен со непарните ритми од југ.
Најголема задача на балканските музичари е да успеат за почеток со ниска цена, оригиналност и висок квалитет да влезат во понудите на западноевропските фестивали и со тоа на вистински начин да учествуваат во европската џез сцена.
Ви пожелуваме успешен концерт .Благодариме за одговорите .Се гледаме на PRILEP JAZZ WEEKEND