Click to see English version link
3ject е експериментално џез-фјужн трио од Скопје, Македонија, формирано од Александар Ванчовски (тапани, перкусии), Петар Лукиќ (пијано, клавијатури) и Иван Петровски (гитара, синтисајзер). Првиот настап во живо се одржа во „Old School Café“ во Скопје, Македонија, во април 2018 година како џем сешн и брзо беше проследен со снимање на деби албум со 5 песни насловен „Homeverse“.
„Homeverse“ излезе на 24 март 2018 година и набрзо беше изведен во живо и промовиран преку мини-турнеја низ повеќе градови во Македонија, меѓу кои „Only Fools and Horses Pub“ во Штип, „Take Five Jazz Club“ во Прилеп, како дел од мини џез караван фест, „Агора клуб“ во Куманово, како и завршна официјална промоција во „Клуб Маракана“ во Скопје.
По кратка пауза од 5 месеци, во ноември 2018 година, беше снимен новиот видео и аудио сингл со наслов „ААА“ како вовед во комплетно новиот материјал за вториот албум.
3ject имаше своевиден молк во 2019 година, до крајот на годината. Во декември 2019 година свират на свој концерт со еден од највлијателните експериментални џез бендови во Македонија – Next To Silence во клубот Маракана.
Во 2020 година во април свират на Меѓународниот ден на џезот – It’s All About The Jazz – Култура во време на корона фестивал во Скопје.
3 ject во летото 2020 година се во студио заедно со продуцентот Нино Спировски и го направија вториот албум.
Во вториот ЛП на 3ject, тие имаат соработка со Рамбо Амадеус и Тони Зен. ЛП беше објавен во април 2021 година.
Последниот концерт на 3ject беше на 7 мај 2021 година на фестивалот Земјотрес во Скопје.
Линкови:
https://3ject.bandcamp.com/releases
https://www.youtube.com/channel/UC7d-EMBCWBPZmQ6y9IIUVQA