Шангај Интенсе е музичка група која вклучува интернационални уметници од Кина, Германија, Босна и Македонија. Тие свират импровизирана музика која се движи од модерен џез до авангарда и музика од Светот. Кинескиот тапанар Фенг Хао и македонскиот хармоникаш Јордан Костов првпат се сретнаа во Шангај пред неколку години. Заедно со германскиот саксофонист, Андреас Гинтер, кој веќе неколку години живее во Шангај и басистот Дине Донев од Грција кој живее во Германија, го формираат овој бенд и презентираат нови композиции од целиот свет.
Фенг Хао – тапани
Дине Донеф – контрабас
Андреас Гинтер – Сакс, флејта
Јордан Костов – хармоника