Click to see English version link
Нинослав Спировски сопран саксофон / тенор саксофон
Васко Бојаџиски тенор саксофон
Благојче Томевски кларинет / бас кларинет
Константин Хаџи Коцев пијано
Мартин Георгиевски електроника / гитара
Кристијан Новковски тапани / удиралки
Филип Букршлиев електрична гитара
Дени Омерагиќ контрабас / електроника
SVETLOST + ODRON RITUAL ORCHESTRA е голем ансамбл оформен како продолжение на успешната авторска соработка на Кристијан Новковски, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски во триото Светлост.
Замислен како отворена платформа за соработка со музичари од различни профили, музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Композициските рамки на Новковски/Омерагиќ/Спировски се плодно тло за звучна интеракција на ансамблот – каде се замаглени границите на формалното и слободното.
Во септември 2019, во соработка со издавачот PMG Jazz, го издадаваат своето деби LP „Odron Ritual Orchestra“ кој се најде на неколку релевантни листи за најдобри џез албуми за 2019 – вклучително и онаа на независната музичка платформа Bandcamp, како и во поширокиот избор на јавната радио мрежа на САД National Public Radio.
Во 2020 ги издаваат трио албумите „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Истата година реализираат концерти на повеќе реномирани џез фестивали, како „Скопски Џез Фестивал“, „Крај Вардарот џез“ и „Прилеп Џез викенд“.
Во октомври 2021 го издаваат вториот албум на проширениот ансамбл, под името Svetlost + Odron Ritual Orchestra – “A Wave Returns to the Ocean”, во соработка со SJF Records,. Истиот албум е сместен помеѓу 10те најдобри за ноември 2021 според независната музичка платформа Bandcamp.
Во јуни 2022 се македонски претставници на регионалниот showcase фестивал MENT Ljubljana.