Soothsayer е бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари кои ја истражуваат класчната сакс-бас-тапани трио музичка форма, и многу се забавуваат додека го прават тоа.
Нивниот звук може да се опише како суров, енергичен и ризичен со разновиден опсег на влијанија во Post Bop, Hard Bop, Free Jazz и многу повеќе.
Првично главната инспирација на триото беше снимањето на Елвин Џонс триото, но сега репертоарот се состои главно од оригинална музика, како и аранжмани на „hidden gems“ и стандарди. Бендот има настапувано неколку пати во Австрија и на турнеја низ Словенија, Хрватска и Србија. Моментално работат на својот деби албум.
Постава:
Ленарт Де Бок (СЛО) – тенор и сопран саксофон
Милош Чоловиќ (СРБ) – контрабас
Себастијан Баумгартнер (ГЕР) – Тапани и перкусии
Ленарт Де Бок, роден на 26.01.1998 година во Гент, Белгија е словенечки тенор саксофонист и композитор. Музичкото образование го започнал на Љубљанскиот конзерваториум за музика и Балет на студии за кларинет под менторство на професор Јоже Крегар.
Некаде во средината на 4-та година од средното училиште, тој почнал да свири саксофон, учејќи сам со помош на неговиот школски другар саксофонист Андреј Омејц. Тој ги положи приемните испити за гимназиско музичко образование на конзерваториумот во Љубљана. За време на едногодишниот престој во конзерваториумот веднаш стана активен на локалната сцена, настапувајќи со Рок Залокар и водејќи ја сопствената група- Лубе Душе.
Потоа се запишал на Академијата за музика и изведувачки уметности во Грац.
Додека студирал таму, тој бил активен и на словенечката и на австриската џез-сцена и свирел со многу реномирани словенечки музичари како Рок Залокар, Боштјан Симон, Роберт Јукиќ, Марко Чурнчец, Јани Модер, Никола Матошиќ итн.
Настапувал на повеќе џез фестивали во Словенија како водач на неговата група – Степс (Џез фестивал Љубљана, Џез Церкно, Џезинти итн.).
Моментално е воглавно активен во два ансамбли: Soothsayer и Zhlehtet. Со вториот бенд тој издаде албум наречен „Портали вол. 1’’, а со Soothsayer активно компонира и
настапува во последните година и пол.
Повремено свири и со Биг бендот РТВ и учествува во разни проекти во Словенија, како и во странство.
Милош Чоловиќ, роден 17.05.1998 г. во Белград, Србија е басист и композитор со живеалиште во Виена, Австрија. Студирал електричен и исправен бас кај професорите Предраг Ревишин и Срѓан Стошиќ во средното музичко училиште „Станковиќ“ во Белград пред да се запише на отсекот џез на Kunst Universität Graz каде студирал кај проф. Мортен Рамсбол и дипломирал со највисоки почести во 2022 година. Како еден од најбараните басисти во Австрија и Србија свирел со: Дена ДеРоуз, Ренато Чико, Џим Ротонди, Роман Швалер, Оливер Кент, Марио Гонзи, Хауард Кертис, Бред Леали, Јуре Пукл, Стив Карингтон, Дејвис Витфилд, Фреди Хендрикс, Јелена Јововиќ, Софија Кнежевиќ, Макс Кочетов, Биг Бенд РТС и многу други.
Додека редовно настапувал во Австрија и Србија, свирел и на фестивали и во џез клубови во Израел, Чешка, Словачка, Германија, Романија, Словенија, Македонија, Хрватска,
Црна Гора, Унгарија, Италија, Луксембург и Франција.
Во Белград, Милош го предводи своето трио, кое ги свири неговите оригинални композиции и аранжмани и настапува со Андреја Христиќ на пијано и Милош Грбатиниќ на тапани.
Снимки на кои се појавува: Угљеша Новаковиќ – „Приказни од минатото“. Скајлер Флоу -„Квартет без акорди“, Александар Грујиќ – ‘’GIV and Gaslight’’ и Armin Jambor – “Bad
Odyssey“.
Во април 2016 година, триото Милош Чоловиќ ја освои првата награда на меѓународниот натпревар „The Best Musical Mind” (одржана во Белград и поддржана од Беркли).
Милош беше еден од десетте финалисти на џез-бас натпреварот BASS PRAGUE 2016.
Во 2019 година, тој беше единствениот Европеец меѓу осумте финалисти на ISB џез-бас натпреварот во Блумингтон, Индијана.
Во 2017 година ја доби наградата „Mihajlo Miša Blam “ за најперспективен млад џез музичар во Србија. Милош е уметнички директор на џез-делот на фестивалот „Ослободување“ во Белград.
Себастијан Баумгартнер е германски тапанар, перкусионист и композитор. Роден во Пасау, Германија моментално живее во Австрија. По студирањето класични ударни инструменти на Berufsfachschule für Musik Plattling, студирал џез тапани и инструментална педагогија на Кунстуниверзитет во Грац. Себастијан студирал меѓу другите со Џон Рајли, Ари Хоениг, Грегори Хачинсон, Крис Смит, Хауард Кертис, Херберт Пиркер и Кристијан Лилингер.
Важи за еден од најперспективните млади тапанари во областа на hard/post bop, како и фри џез и современа музика. Има работено со Кирк Лајтси, Џим Ротонди, Луис
Бонила, Дена ДеРоуз, Хајнрих фон Калне, Џон Бисли, Фил Робсон, Вид Јамник, Силке Еберхард, Себастијан Скобел, Хано Буш, Џина Шварц, Алоис Еберл, Керол Алстон, Јан
Коринек, Светскиот оркестар на џез Џ.М. и Ансамблот за перкусии на студиото Грац.
Концертите и турнеите го однесоа во Германија, Австрија, Швајцарија, Чешка, Италија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија и Јапонија; има свирено на реномирани фестивали како на Jazz is Back – фестивалот Бошко Петровиќ, Inntöne Jazzfest или Европските недели за Современа музика. Себастијан е повеќекратен добитник на национална награда на Германскиот натпревар за камерна музика „Jugend Musiziert“ и добитник на стипендија на Hildegard Schmalzl Music Foundation Regensburg.