Skopje Jazz Inc. е македонска џез група оформена во 2018 година.
Нејзините членови, Трајче Велков (труба), Горан Гешоски (бас-гитара), Зоран Костадиновски (гитара) и Виктор Филиповски (тапани) ѝ се веќе добро познати на домашната публика како студиски и „сешн“ музичари, како и соработници во авторски проекти на повеќе комбо и биг-бенд состави во татковината и во странство, а досега оствариле и бројни настапи на меѓународната џез сцена.
Ги обединува идејата да создаваат, негуваат и промовираат џез музика и нивниот репертоар опфаќа авторски композиции аранжирани во стил својствен за музичките афинитети на бендот, во кои неизбежно се спојуваат традицијата и модерните текови со смел поглед кон иднината.