Јуре Пукл е музичар кој што свири на тенор & сопрано саксофон и бас кларинет, компонира и продуцира музика.
„…Пукл ги комбинира вештината, душата и апетитот за авантура што ја поттикнува еволуцијата на џезот уште од самиот почеток, и е ѕвезда во подем на нова креативна генерација која енергично ја движи музиката во нејзиниот втор век “- напишал познатиот весник Guardijan за него.
Живее и работи во Њу Јорк, а после неговото школување во Виена, се прошетува низ Европа и завршува во Berklee Colege of music, исто како и на познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов, чие име веќе многу далеку одекнува во светот на џез, ворлд и импровизираната музика.Васил зад себе има остварено многу значајни дела, одлични концертни настапи и со својот препознатлив виртуозен стил на музицирање значи многу повеќе од само едно обично отсвирување на музиката. Заедно со Оливер Јосифовски, кој пак е музичар слуган војска шо се вели, и Александар Петров, тапанер, перкусионист кој што долго време живееше во Париз, твореше во Њујорк го составуваат квартетот SAYUGÀ.
Јуре Пукл – саксофон
Васил Хаџиманов – клавијатури
Оливер Јосифовски – контрабас
Александар Петров – тапани