1.Дефинитивно ве карактеризираме како успешен музичар, која е вашата тајна…?
Успех е да се биде свој во сите аспекти на животот. Истото важи и за уметноста. Кога бев многу млад се обидов да ги имитирам рокерите или џезерите, но набргу почувствував дека се преправав во нешто што не сум и како да бев оттргнат од себе, па дури и од уметноста. Ова непријатно чувство и таквата загриженост ме натераа да прочитам многу книги. Потоа ги открив поетите кои ми помогнаа да се ослободам од стандардите и да се почнам да верувам во себе.
2. Што очекувате од настанот пред прилепската публика?
Еден од поетите кои ми помогнаа многу, некаде беше напишал дека: сите уметности содржат литература кога сакаaт нешто да кажат. Насловот на материјалот кој ќе го претставиме во Прилеп е „Lost_Anthropology” и е дел од композиции со наративен карактер. Оваа приказна е она што сакаме да го споделиме со публиката, со надеж дека двете страни ќе успеат да ги прошират границите на концертот.
3. Претпоставуваме дека многу стилови на музика влијаеле на Вас, но сепак носите свој печат на оригиналност.. колку време ви било потребно да дојдете до него?
Сите различни стилови ги гледам како богат речник, од коj некој може да избере различни зборови и да компонира свои реченици во зависност од тоа што сака да каже. Има толку многу можности што не стасува ни цел живот за да поверуваш дека си ја постигнал „целта”. Секогаш патот е она што те привлекува да продолжиш кон следната рута.
4. Една од најчестите асоцијации за Џез музиката е импровизацијата… колку Вие импровизирате?
Јас го разбирам џезoт како слободен концепт испреплетен со креативност. Исто така, би рекол дека импровизацијата не е само еден елемент на џезот, туку самиот џез е резултат на импровизација. Значи џезот е слободен и постојано се развива. Покрај тоа, уметноста е израз на животот и самиот живот ни е слободна импровизација. Во извесна смисла сите ние сме џезери.
5. Кои ви се омилени светски музичари/бендови, издавачки куќи?
Можам да спомнам многу имиња од оние што ми се допаѓаат, секој од нив од различни причини. На рана возраст ги слушав многу: Frank Zappa, Led Zeppelin, Jethro Tull, David Bowie меѓу другите, подоцна Bill Evans, Charlie Haden’s Liberation Orchestra, Miles Davis, Joni Mitchell, Dino Saluzzi, Egberto Gismonti… Но, тoa што го слушав најмногу и што продолжувам да го слушам се стари архивирани снимки од сите континенти (Африка, Азија, Јужна Америка, Австралија), како и народна и традиционална музика од Балканот и од Иберискиот Полуостров (Flamenco, Fado). Издавачки куќи што можам да ги издвојам се Blue Note , ECM, Verve, Intact, Hathut, Tzadik…
6. Дали имате познавање за Македонската Сцена?
Во последните неколку години ja следам современата македонска сцена. Ми се допаѓаат повеќето изданија објавени од Скопскиот џез-фестивал. Постои одлична музика. Во текот на изминатата деценија соработував со Алек Секуловски, Тони Китановски, Зоран Маџиров, Васил Хаџиманов, Јордан Костов, Иван Бејков, Дарко Фурнаџиски, Бранка Ѓорѓовска, Гоце Стевковски, Џоле Грујовски, како и порано во 2000/2001 година со Влатко Стефановски. Дозволете ми да додадам дека особено ми се допаѓа албумот „Инкубатор” на Проект Жлуст и бендот Фолтин.
7. Кога би ве напнале за опис на Вашата музика, како би изгледало тоа…?
Наративен Воденски Џез со екстензии…