1.Дефинитивно Ве карактеризираме како успешен бенд, која е Вашата тајна..?
Па тешко е да се каже која е тајната…хм…ја свириме музика што ја сакаме во најискрен облик.Можеби тоа е тој спој на сите тие стилови кој се состави во оваа наша комбинација и и се допаѓа на разновидната публика.Од една страна нашата музика е многу приступачна, но сепак провокативна и поинаква од сите други бендови кај нас и на поголемиот дел од нашата публика и пружа ново искуство кое немале прилика до тогаш да го слушнат. Многу од нив добиваат разно разни асоцијации слушајќи не нас и тоа стилски дијаметрално спротивни , па така фановите на техно музиката не споредуваат со некои на нив драги бендови, додека пак џез фановите имаат своја асоцијација…дури и старата рок екипа тука го гледа влијанието на своите омилени бендови. И сега, сите тие луѓе со многу различни музички вкусови се наоѓаат заедно ма еден концерт. Мислам дека тоа е таа тајна.
2.Што очекувате од настапот пред прилепската публика?
Прв пат настапуваме во Македонија и очекуваме од себе да го пружиме своето најдобро во тој момент.Ако тој дел успееме да го направиме, не се сомневам дека ќе и пружиме многу убава вечер на публиката.
3.Претпоставуваме дека многу стилови на музика влијаеле на Вас, но сепак носите свој печат на оргиналност..коку време ви било потребно да дојдете до него?
Од првиот албум бевме препознаени како нешто ново и поинакво, па и секој следен албум го правевме повторно поинаков од минатиот…намерата ни е и понатаму да продолжиме така.Нема смисла да се повторуваме, а желбата ни е секогаш да ствараме нешто ново и поинакво…тоа би требало да биде смислата за занимавањето со музика, а не само да се следи една успешна формула.Мислам дека ние не сме нималку виновни за својата оригиналност освен што ја слушаме музиката која ја слушаме , а таа музика е главниот виновник од наша страна..од друга страна пак околностите на музичката сцена се такви што кај нас таквата музика испаѓа дека е многу оригинална додека надвор има милион такви и подобри и пооргинални бендови кои што хараат низ модерната џез сцена, а нашата публика нема никакви сознанија за тие нови бендови.
4.Една од најчестите асоцијации за Џез музиката е импровизацијата…колку Вие импровизирате? (не само на сцена)
Импровизираме и во животот и на сцената.Кога се занимавате со таков вид на музика кај нас, импровизацијата е појава со која се сретнувате секој ден.Плаќањето на сметки, снимањето во студио, се е тоа џез 🙂 ! На концертите сакаме многу да импровизираме..имаме нкои оквири некаде да се најдеме од време на време.Нам ни е многу повозбудливо така да свириме…кога ќе завлезиме во нешто ново се вклучуваат сите инстинкти за преживување на сцената, а публиката тоа го чувствува и настанува таа енергија што освојува.
5. Кои ви се омилени светски музичари-бендови, издавачки куќи?
Не ги следам издавачките куќи но ги следам бендовите и музичарите…навистина има тука многу музичари кои би можел да ги споменам..еве, од младите сили денес ги следам Гого Пенгуин, Сателити, БадБадНотГоод, Вулфпецк, Марк Гуилиана…потоа од малку постарите, Медески Мартин & Њоод, Бугге Њеселтофт, Тигран Хамасѕан, Ерик Труффаз, Брад Мехлдау, Бад+, Цхицаго Ундергроунд Дуо, а од најстарата и покојна гарда, првото место го завземаат Милес Давис, Конг Цримсон, Нина Симоне, Софт Мацхине, Хербие Ханцоцк и многу многу други…
6. Дали имате познавање за Македонската Сцена?
За жал многу слабо ја познавам македонската сцена.Од младите џез сили ги знам само Сетхстат затоа што имав прилика да ги гледам во Загреб.
7.Кога би ве напнале за опис на Вашата музика, како би изгледало тоа?
Најкратко кажано, тоа би бил прогресивен електро џез рок.Влијанија сепак има разни..од фанк, афро музика, друмжнжбасс,хип хоп, техно, џез, прогресив рок, психоделија, амбиентална музика…
8. Бидејкји доста патувате и претпоставуваме дека имате свежи познавања на Балканската музика, како би изгледал Вашиот пресек на омилени изданија 2015-2016год…?
Не успеав да ги проследам регионалните албуми за жал. Но можам да кажам дека во Хрватска младата џез сцена многу напредува и во тој период се снимени многу одлични албуми. Би ги спомнал Звјездан Руžиć, Валерија Николовска и Виктор Липиć & ХРТ Јазз Окрестар, Цроматиц 5, Марио Раšиć & Балкан Зоо, Давор Криžиć Еџперимент, Бонебомб, Козмодрум, Матија Дедиć е нормално секогаш присутен со врвни албуми. Тамара Обровац исто така.Веројатно најдобриот фусион јазз состав на овие простори Васил Хадžиманов банд објави одличен албум во 2014та година. Рамбо Амадеус сега исфрли нов многу добар албум, но минатиот Хипиšизик Метафизик е навистина врвна плоча од фанк џез перспектива.
Ви пожелуваме успешен концерт .Благодариме за одговорите .Се гледаме на PRILEP JAZZ WEEKEND
Ви благодарам за интервјуто, многу се веселиме дека ќе настапиме во Прилеп и дека ќе ја посетиме Македонија.Мене ќе ми биде прв пат!