Оливер Јосифовски е роден во Битола, во Баир маалото, каде што се готви музика 24/7….веќе на 5 години свири перкусии по фамилјарната традиција на изработка на селски тапани.
Музичка конзерваторија за контрабас завршил во Софија.
Креирал музика за близу стотина театарски претстави… за повеќе мултимедијални проекти, балет, анимиран филм итн…..деновиве ја заврши музиката за македонскиот филм Стела, кој чекаме за многу скоро да се појави во кино салите.
Снимил повеќе албуми и остварил соработка со многу македонски и светски музичари како..Зоран Маџиров, Yolla Khalife , Damo Suzuki, Џијан Емин и многу други.
Активен е на сцената од деведесеттите години со почетоците на групата Фолтин.
Во моментов работи на новата музика на групата Љубојна и настапува со други музичари како гостин.
На Prilep Jazz Weekend ќе настапи со проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION… проект кој содржи оригинални композиции и музички стандарди од егзотичен карактер, измешани со тврд hard rock звук, што го прави овој проект посебен од сите други негови.
Оливер Јосифовски – бас
Гордан Спасовски – клавишни инструменти
Стефан Миладинов – гитари
Александар Ванчовски – тапани и удиралки