Next to Silence е бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата игра што продолжи со создавање и своја музика. Нивниот прв албум, издаден за Скопскиот џез фестивал, отелотворува разни звучни стории и го раскажува она што најубаво се говори без зборови. Иако името Next to Silence потекнува од реченица во канадски џез магазин која ја објаснува музиката како „најубавиот звук покрај тишината“, сепак музиката на Next to Silence не е ниту најубав звук, ниту тишина. Тоа е нешто измеѓу. Музиката на овој бенд би можела да биде повикување на различни приказни или звучен пејзаж лишен од значење…искуство што може да ве доведе до тишина…
Ади Имери – гитара
Филип Димишковски – клавијатури
Драган Стојковски – бас
Гоце Наумов – барабани