Експериментирањето во оквирот на хип-хоп, на Марчело никогаш не му било туѓо.
Уште пред една деценија од страна на тврдокорните поклоници на овој музички правец беше оптужен за ерес, воведувајќи живи инструменти на својот втор албум “Puzzle Shock”. Во песната “Uskurativna”, од таа плоча, на која ги постави новите жанровски стандарди на оваа територија, можат да се пронајдат првите траги од неговите фасцинации на слободната форма на џезот.
Марчело никогаш не криел дека во слободно време најмногу слуша музика која што нема многу врска со хип хопот. Неговото последно издание “Napet šou”,кое во првите шест месеци се продаде во повеѓе од 10 000 примероци, и е под влијание на главниот композитор и долгогодишен соборец на Марко, Раде Склопиќ – Раид, донесе на свет далеку повеќе со џез обоени нумери, отколку неговите неколку претходни албуми.Меѓу музичките соработници на “Napet šou”, најбројни се припадниците на домашната џез сцена, предводени од Александар Јовановиќ Шљуко и Филип Крумес.
Учеството на Мишо Блам на албумот и на, за жал, веројатно еден од последните забележани снимки од овој великан на џез сцената, само додатно го потврдува овој факт.
Тукушто излезениот прекрасен соло албум на Раид “Little Box”, најавува дека во иднина џез елементите ќе бидат основа на понатамошниото музичко творештво на Марчело.
Затоа е логично што за овогодинешниот фестивал, Марчело со своите Филтери во друштво на избрани џез уметници (собрани под името Напнат Квинтет) после успешните настапи на фестивалите како Нишвил, EXIT и Lovefest, да му понуди на Прилеп концерт со џез варијанти на своите омилени песни. Марчело, очигледно се наоѓа во период кога ниеден предизвик не му претставува непремостлива препрека, а за публиката овај концерт ќе биде шанса да провери на лице место колку созреал еден од најголемите домашни автори на помладата генерација.