Кабадајас е формиран во 2011 година од Џоле Максимовски (бас), Дино Милосављевиќ (тапани), Зоран Костадиновски (гитара) и Горан Бојчевски (кларинет), дебитирајќи една година подоцна со нивниот албум Кабадајас IV.
Во 2018 година Зоран, Џоле и Дино го издадоа својот втор албум Од понеделник, како трио. Самиот музички жанр на Кабадајас е мешавина од традиционалните народни мелодични и ритмички изрази, кои кршат граници со длабоко влегување во сферите на џез фузија / фанк.