„JAZZMAN – The form as a verb„ е наслов на долгометражниот документарен филм кој е реализиран со поддршка на Филмскиот фонд на република Македонија. Филмот е реализиран на локации во Њу Јорк, Софија, Белград и Скопје. Дел од филмот е снимен во Чешкиот центар во Њу Јорк..каде Велибор Педевски со дел од протагонистите на филмот реализирале интересна културна соработка.
ЏАЗзМАН е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува ВЕЛИБОР ПЕДЕВСКИ, човекот кој е своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен …
Велибор Педевски е новинар кој работел во Нова Македонија, Екран, Лик, Политика, Книжевна Реч, Поп – Рок, Вјесник, Студио, Џез Токио…Радио Скопје – прва и трета програма, Радио Белград, прва и трета програма,Судио Б /Белград, Радио Загреб – трета програма итн.Човек со богато искуство, посветеност но и фантастична, безмалку аутистична меморија .. може да одговори на секое прашање од областа на џезот… знае точно со која постава настапувал Чарли паркер во клубот Брдленд во 1939 година во Њујорк, или биографии и куп детали за плеада џез уметници од сите генерации.Вистинско енциклопедиско азно и поттик за овој документарен филм кој низ возбудливата и несекојдневно „лајв стори“ содржи и делови од дискусиите, коресподенцијата и естетски осврти кои ги имал низ годините Велибор Педевски, големиот познавач, проследувач и фокус на џезот, со кој во едно начелно се согласивме – дека иако многу се зборува и пишува за џезот, сепак малку и ретко се разбира и допира внатрешното битие на оваа уметност.
….„На жанровите гледам како на доверливи, брзи и функционални „излези“ од конкретни творечки состојби и „опасности“. Приказната, музиката е она што доброволно влегува и излегува од нив. Во СОВРЕМЕНИОТ ЏЕЗ се испреплетуваат трендовите, технологиите и естетиките, постапка кога безвизно се минуваат границите меѓу жанровите“
Во филмот учествуваат: Wadada Leo Smith, Reggie Nicholson, Reggie Workman, Anthony Braxton, Cecil Taylor, Brandon Ross, Graham Haynes, Doug Wieselman, Milcho Leviev.
Душан Која Којиќ – музичар
Влатко Стефановски – музичар
Љупчо Поповски – Уредник – Утрински Весник
Тимчо Апостолов – Уредник – ревија ЕКРАН
Марко Коловски – Уредник – Македонско радио
Оливер Белопета – Директор – Скопски џез фестивал
“Го живеам својот сон” – вели со насмевка „њуорчанецот” ВЕЛИБОР ПЕДЕВСКИ – букинг менаџер, ди џеј, џез педагог, продуцент, џез артист …овде во Њујорк, во центарот на сите збиднувања во џезот, еден од најпрестижните и најважните културни американски експорти што го освои светот, како своевидна мултикултурна уметност, методолошка постапка и одредница на артистичките слобода.
Сонувам и го работам она што го сакам. Има ли нешто поубаво од тоа?”