„HI CAZZ 3“ (Хиџаз 3) е име на концертот на виртуозот на канун и саз Џенгис Ибрахим . Музиката на „HI CAZZ 3“, која излегува од клишето на обичен концерт, ја насловуваат како „рајска музика“.
Големиот музичар, теоретичар и педагог, виртуозот на рајскиот инструмент канун и мајсторот на уште неколку стари турски инструменти како уд и саз, „музикотерапевтот во прогрес“ – м-р Џенгис Ибрахим, во оваа потрага и чествувањето на древната музика и нејзината синтеза со денешнината, зад себе ќе ги има музичките собеседници Петар Христов на кларинет, контрабасистот Зоран Павлоски и вокалистката Ана Митоска.
„Ќе свирам светска музика. Значи таа стара, древна музика што ја компонирале своевремено султаните, ќе ја синтетизирам со звуците од времето. Со елементи од 17 и 18 век и современиот звук. Ќе направиме еден перформанс со цел да се доближи до денешниот слушател силата и моќта на старите скали. Во фокусот ќе ни биде естетиката на музиката. Техниките на свирење. А, тие ќе бидат обоени од зачините на Истокот, меракот, наргилето, локумот, баклавата…“ Сакам сето тоа да го изместам и да го произведам со некакви постмодернистички бои, вибрации на инструментот“, вели Џенгиз Ибрахим.
Џенгис Ибрахим – канун, саз
Петар Христов – кларинет
Зоран Павлоски – контрабас
Ана Митоска – вокал
Бирол и Хусамедин – традиционални удирачки инструменти – бендир, деф