Ѓоко Грујовски трио

Ѓоко Грујовски е македонски џез гитарист, композитор и продуцент.

Роден е во Скопје, 1976 год. Во текот на својот живот свири во многу џез и рок бендови. Од 1998-2006 година работи како гитарист во Биг Бендот на Македонската Радио Телевизија.

Има издадено два студиски албуми:

– „Reflections“ 2018 год.

– „Deep Blue“ 2024 год.

Овој пат ќе настапува со неговото трио:

Симеон Ангеловски – бас гитара,

Дамјан Грујо – тапани,

Ѓоко Грујовски – гитара.