„Chui“е млад хрватски трио, кој негува еден малку поинаков пристап кон џезот. Спојот на современата клупска денс музика во комбинација со џез, електронски и бескомпромисен рок енд рол пристап, веќе со првиот албум „ Dancing Bear 2012“, му обезбеди на бендот култен статус на хрватската музичка сцена.
Кон крајот на 2013 година, после „Dancing Bear“, Chui го објавуваат и вториот албум „The Second Arrival“, кој како и првиот добива само пофалби, како од музичката критика, така и од публиката.
Во 2015 година излегува и третиот албум „Third Sun From The Stone“, кој освен што ја собра одличната критика, на скоро сите топ листи е прогласен за домашен албум на годината, што досега не му успеало на нити еден џез состав во Хрватска.
Toni Starešinić – клавијатури, електроника
Vojkan Jocić – сакс, електроника
Janko Novoselić – тапани