Биг-бендот на МРТ е формиран во 1961 година. Негов прв диригент е македонската музичка легенда Драган Ѓаконовски-Шпато. Oркестарот претставува вистински стожер на македонска забавна и џез музика. Ги придружува, речиси сите наши пејачи и ги реализира сите изданија на Скопскиот фестивал. Напоредно со таа дејност Биг-бендот на МРТ исполнува и снима оркестарска џез литература. На фестивалот на Биг-бенд оркестри во Раденци, Словенија, го освои најголемото професионално признание, кога во конкуренција на сите оркестри во некогашна Југославија, во 1989 година е прогласен за најдобар.
Од 2013 година со оркестарот раководи Љупо Мирковски, инструменталист во оркестарот и плоден автор на инструментална забавна и џез музика.
Членови на Биг бендот:
Труби: Ристе Колев, Сенад Усеин, Александар Златевски, Драган Младеновски
Тромбони: Сашко Николовски, Владан Дробицки, Никола Ристевски, Виктор Илиески
Саксафони: Борислав Веселинов, Игор Стефановски, Иван Иванов, Игор Иванов, Нинослав Димов
Пиано: Дамир Имери
Клавијатури: Зоран Кирјаковски
Гитара: Зоран Костадиновски
Тапани и перкусии: Мартин Вучиќ, Благоја Антовски
Бас гитара: Никола Автовски
Диригент: Љупчо Мирковски