Jam Session: A Tribute to Filip Stevanoski – Prilep Jazz Weekend – 2025

 

Prilep Jazz Weekend оваа година му оддава почит на младиот клавијатурист и композитор Филип Стеваноски, кој минатата година настапи на нашиот фестивал со својот бенд и остави незаборавен впечаток.

Во негова чест, организираме посебен џем-сешн, на кој ќе настапат врвни музичари, пријатели и поранешни членови од неговиот состав — обединети преку музиката што Филип ја живееше и ја носеше во себе.

Ве покануваме заедно да го прославиме неговиот дух, креативност и љубовта кон џезот.

Музиката не згаснува — таа нè поврзува, дури и кога зборовите не се доволни.