
CRNO DETE започна со работа во 2011 година како едночлен проект на Дамјан Бркиќ (гитара и ритам машина). Во 2012 година стана дуо кога на тапани му се придружи Милан Букејовиќ. Од 2017 година групата е трио со Томислав Марјановиќ Рале на саксофон.
Во својата тричлена инкарнација тие свират инструментална музика, најчесто создадена за време на самата изведба. Нивниот звук е комбинација од рок кој е ноис, џез кој е панк и фолк што е турбо.
Досега имаат настапено на над сто концерти и имале забележителни настапи на алтернативни и џез фестивали во Србија, Македонија, Хрватска и Данска.
Групата Црно дете во својата дискографија има пет албуми: „Riffs“ (2012), „Jevad“ (2014), „Golden things“ (2016), „Unrepeatable“ (2017) и „St. Prompt“ (2023).