Никола Бочваров КВАРТЕТ (Специјален гостин Ристо Вртев)

Никола Бочваров е роден во Скопје, 25. 12. 1976 год.  Дипломиран контра – басист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје , оддел за популарни жанрови , додека џез едукација има стекнато на “ Franz Schubert Konservatorium ” во Виена .

Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбарани и најмаркантни басисти кај нас.

Покрај изведувачките способности во многу инструментални состави ( Groovy Loons , OffGround Ansamble , Bramha Trio , Иван Иванов квартет , Леана Таќи квартет , Симон Киселички трио и др. ) , како и вокално – инструментални поп /рок состави ( Калиопи , Тамара Тодевска , Владо Јаневски , Каролина Гочева , Мизар , Архангел … ) , Никола го препознаваме како композитор и / или бенд – лидер ( Атом , Калап , Антиарт , Musaiq, , Блаблабла и др. ) .

Останатите членови во квартетот с е :

Иван Петровски – гитара

Иван Петровски е еден од најмаркантните гитаристи од новиот бран во Скопје. Дипломиран на Факултетот за Музичка уметност во Скопје , отсек аранжирање . Докажан бенд – лидер ( D.S.H. ) i postojan член на повеќе состави ( Musaiq , OffGround Ansamble , 3јест , Лилит и др.) .

Добитник на најпрестижната награда “ Златен Орикс ” од Скопје Џез Фестивал за најдобар џез гитарист за 2020 година .

Александар Ванчовски – тапани

Александар е дипломиран перкусионист при Факултетот за Музичка Уметност – Штип , отсек џез . Еден од најпроминентните музичари во Македонија , бенд- лидер на составите “Bramha Trio“ и “3ject” , и член на повеќе состави ( Musaiq , Џоле Грујев ски Трио , Симон Киселички трио и др. ) .

Александар беше избран за најдобар млад музичар при фестивалот Џез Фактори – Битола за 2020год.

Филип Димишковски – клавијатури

Филип Димишковски е музичар/клавијатурист од Македонија, роден 1995 година. Пијано почнал да свири на 12 години. Свири џез веќе на 14 години со неговиот учител Дамир Имери. На 18 години веќе почнал да свири џез во локалните клубови во Скопје, со музичари како Тони

Китановски. Гоце Стевковски Септет, Next to Silence, Владимир Четкар, Conquering Lion, Љубојна, Игор Џамбазов и Musaiq се едни од најзначајните бендови/музичари со кои свири или соработува. Во текот на својата кариера свирел во многу земји на Балканот, на фестивали како Сараево Џез Фестивал (Босна и Херцеговина), Скопски џез фестивал (Македонија), Банско џез фестивал (Бугарија), Д Фест (Македонија), Си Сплеш (Хрватска). ), Џарасум Џез фестивал (Јужна Кореја). Неговото име може да се најде на многу албуми како што се „Радио Лубојна“ од Љубојна, „Првите 30“ на Игор Џамбазов и Гуру Харе, „Floarng through space with Sarah Mace“ од Сара Мејс, „Painrng“ од Брама трио, „…“ од Веднаш до тишината, „Revoluron Time“ од Conquering Lion и „Intermission“ од Д.С.Х. Од 2018 до 2020 година работи како професор по пијано во „Roma Rock School“. Во 2018 година Скопскиот џез фестивал му ја додели наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија.

Сите поважни линкови ќе ги најдете на YouTube каналот на Никола Бочваров :

https://www.youtube.com/channel/UCDDrO0u7SqTBHsYKfCDXjrg