
Филип Стевановски е продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Вработен е како професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип и Универзитет “Гоце Делчев“ Штип – Музичка академија.
Основно образование завршува во Куманово. Своето школување го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ Скопје, каде што подоцна своето образование го усовршува во International Arts Academy Interlochen во USA. Во меѓувреме своето образование го надополнува и се усовршува на Конзерваториумот во Берн – Швајцарија. Завршува два факултети (класична музика и џез музика) како студент на генерација на Музичка академија при УГД Штип, каде што и магистрира.
На музичката и на џез сцената се појавува од 2005 година како пијанист и тромбонист, а во 2010 година го издава својот прв џез албум под името “МИТ“.
На албумот се појавуваат негови авторски комп озиции и гости кои што се големи џез имиња на Македонската и свет ската џез сцена. Овој албум добива многу позитивни критики и коментари.
Својот бенд го создава во 2008 годин а по името ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ КВАРТЕТ, и со него настапува на сите фестивали низ Македонија и странство.
Досега имаат издадено 6 албуми, на кои се јавуваат негови авторски дела, како и дела преработени во оригинални аранжмани.
Последниот авторски џез албум е излезен летото – 2019 година под името “Let’s Go”, каде што за истиот имаше одлични критики од големи критичари од странство како и од
земјата. Филип Стевановски бенд имаат настапувано на многу фестивали меѓу кои: Вино Скоп – Скопје, Винофест – Кавадарци, Пиволенд – Скопје, Пивофест – Прилеп, Астибо џез фестивал, Кумановско културно лето, Штипско културно лето, Прилеп џез викенд, Џез фестивал Неготино, Вино викенд – Штип и многу други, како и настапи во Америка, Р.Косово, Р.Бугарија, Р.Србија, Грција, Хрватска, Швајцарија, Аврстрија, Германија, БиХ и др.
Во 2010 година ја формира својата продукција „FIS Production“ каде што до ден денеска работи и твори за многу музички имиња од Република Македонија но и во странство.
Филип Стевановски има настапувано на најголемите светски џез фестивали и тоа JAVA Jazz Festival во Индонезија, JARASUM jazz festival во Јужна Кореа, NISHVILLE jazz festival во Ниш и други, заедно со Владимир Четкар.
Неговиот бенд оваа 2024 година го прави своето ребрендирање во FIS band каде и настапува по тоа име на македонската ПОП сцена и ги придружува македонските поп
артисти. Веќе долги години е дел од македонското R’N ’B дуо ДНК.
Филип Стевановски е уметнички директор и основач на ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ КУМАНОВО , како и директор на Фестивал на песни за деца „ВЕСЕЛО ШТУРЧЕ“ Штип.
Соработува со многу македонски и странски музички имиња и се појавува како композитор, аранжер и продуцент.
Како солист Филип Стевановски има настапувано во USA – Interlochen Arts Academy – Michigan каде се има образувано и учено, како и на Конзерваториумот во Берн – Швајцарија, каде има настапувано на отварањето на стадионот на Young Boys. Исто така тој е дел од Светската асоцијација на фестивали за поп музика и е дел од сите поп фестивали кои се одржува ат во странство (Германија, Бугарија, Латвија, Русија, Литванија, Србија, Белорусија, Укранија, Австрија и други) и е член на жири комисии за пронаоѓање на млади таленти.
Борислав Веселинов – саксофон
Александар Коларов – бас гитара
Филип Крстевски – тапани