Cengiz Ibrahim Performance

Џенгис Ибрахим е еден од врвните музичари на Балканот кои се концентрирани на ориенталната музика.

Својот музички вокабулар најчесто го изразува преку свирењето на канон, уд и саз, поврзувајки ги румелиските мелодии со софистицирана езгија и сензитивна интеракција со другите музичари.

Покрај свирењето на сопствена и традиционална музика, тој исто така има компонирано и музика за театарски и балетски претстави, филмови, изложби и перформанси.

Ваквиот наративен пристап и илустрирање на различни приказни, тој ќе ги примени и на неговиот концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука.

На овој настап тој ќе изведе композиции кои комуницираат со архаичниот амбиент и ги рефлектираат неговите импресии од интеракцијата со древниот свет.