Веќе трета година по ред, еден ден од OFF програмата на фестивалот ја организираме заедно со Центарот за истражување на предисторијата, чии теренски истражувања во последните години се одвиваат на Врбјанска Чука.
На крајот од теренските истражувања на Врбјанска Чука, заеднички организираме концерти со кои сакаме да го доближиме локалитетот до оние што живеат блиску до него…но и до многумина во Македонија. Покрај сознанијата за локалитетот, посетителите имаат можност да доживеат невообичаено искуство проткаено со магична музика, древни архитектонски остатоци и мистично зајдисонце.
Во изминатите две години, на сцената на Врбјанска Чука ни се претставија пијанистката Дуња Иванова и перкусионистот Антоние…годинава пред пелагониската публика ќе ги претставиме Љубојна со нивниот проект Ljubojna AMBIENCE.
Љубојна ambience е проект посветен на музиката како амбиентален простор што не опкружува и нејзиниот одзвук како постојана звучна состојба.
Прави да се` запрашаме што се` е музика и каде се` музиката може да патува.
Бендот љубојна веќе 20 години гради широк и слоевит звучен дизајн, менувајќи ги, раздвижувајќи и комбинирајќи ги звучните модели во различни созвучја.
Љубојна ambience е едно од тие созвучја.