Дине Донеф или Костас Теодору е активен на грчката музичка сцена од раните 80-ти. Исправен пред изборот помеѓу училиштето или музиката го напушта родното село во западна Македонија и доаѓа во Солун, каде го надградил духот преку истражување на животот низ музиката. До 90-тите работел како аранжер и водач на ансамбл, продуцирајќи музика од истакнати грчки композитори. Наизменично патувал на турнеи и снимал сопствена музика. Во 2001 станува постојан член на групата „Primavera en Salonico“ и настапува со Savina Yannatou. Од 2002 до 2005, предава на Техничкиот образовен институт на Епир и Универзитетот на Македонија. Од 2005 до 2011 под фиктивно покровителство на „no bizz productions“, станува центар, двигател и церемонијал мајстор на „Деведесет и девет“ импровизирани изведби-проби во еден мал андерграунд театар во Солун.
Движејќи се низ пространа мрежа на различни интернационални таленти, нивниот имагинативен конфронтациски електицизам полека се врежува како траен белег во музичката меморија на градот и подалеки, преку средби на бината помеѓу Донеф и музичарите, танчерите, глумците, поетите и визуелните уметници. Следуваат периоди на компонирање за театар и филм, прошарани со повремени режисерски ангажмани- Penelopes of Xanthogeia, 2009. Под името на Томе Раповина има режирано и продуцирано пократки филмови, како Requiem, 2012 и други. Моментално соработува како композитор и актер во: Kammerspiele – Минхен и Thalia Theater – Хамбург.
Antonis Anissegos: piano
Stamatis Pasopoulos: bayan
Kyriakos Tapakis: oud
Dine Doneff: double bass, guitar, percussion