Разговараме со Фрањо Глушац
1.Дефинитивно Ве карактеризираме како успешен бенд, која е Вашата тајна..?
Ти благодариме на комплиментот, не знаевме дека сме успешен бенд.Шалата на страна, би можело да се каже дека сме успешни во тоа што ги спојуваме различните традиции и музичките погледи на свет во нашата музика… генерациски гледано помеѓу членовите на бендот има и по триесетина години разлика, а сепак не врзува ист интерес, страст кон создавањето на нова возбудлива музика . Можеби тајната на нашиотр успех е во тоа што едни со други се слушаме со отворени уши, срца и ум.
2.Што очекувате од настапот пред прилепската публика?
Поголемиот дел од бендот минатата година настапуваше со групата Cul De Sac на Прилеп Џез Викендот, кога сите нас не воодушеви отвореноста на публиката за нашите музички визии, срдечност, гостољубивост и отвореност на организаторот и општо земено комуникацијата што ја почувствувавме на нашиот настап помеѓу бендот и публиката, може да се каже и со свемирот.Оваа година како Franz Kafka ENSAMBLE очекуваме многу отворени уши и срца со кои што сакаме да ја споделиме својата визија за музика.
3.Претпоставуваме дека многу стилови на музика влијаеле на Вас, но сепак носите свој печат на оргиналност..коку време ви било потребно да дојдете до него?
Ах, сите ние сме веќе со децении во музиката и ги калиме своите истражувачки вештини во различни музички ситуации и контексти. Една од најважните водилки на секој музичар кој што сака да ја задржи својата автентичност е таа, да во своето создавање на музиката не му отскокнува на никого, односно да создава музика ослободен од влијанијата на другите музичари што не е можно са се оствари до крај… но аспирацијата мора да биди континуирано присутна.Единствено што сакаме е публиката да го почувствува истото тоа што ние го чувствуваме додека ја создаваме нашата музика.
4.Една од најчестите асоцијации за Џез музиката е импровизацијата…колку Вие импровизирате? (не само на сцена)
Групата Franz Kafka ENSEMBLE дефинитивно има влијание на џезот во своите корени, но не би рекол дека сме џез бед во вистинската смисла на зборот.Во принцип, ние не импровизираме туку создаваме музички структури, но при изведбата секогаш знае да се случи некоја врста на отвореност, па се случуваат импровизации кои се неочекувани но секогаш нас не развеселуваат.
5. Кои ви се омилени светски музичари-бендови, издавачки куќи?
Ух, многу не има во бендот и секој си има свој вкус. Тешко ми е да зборувам за омилени музичари во името на бендот затоа што вкусовите на членовите на моменти се дијаметрално спротивни,Мене од современата продукција често ме изненадуваат музичари од не-американско англиски подрачја…сакам африканска музика и општо музика од светските народи , било да е од Тува или Маџарска или што и да е друго…нашиот бубњар Бруно многу време проведува слушајќи индиска класична музика. Сите сме доста отворени, но тешко ми е да кажам дека постои некаков заеднички вкус во бендот.
6. Дали имате познавање за Македонската Сцена?
Како да не…за врме на Југославија, македонија беше позната по музичките величини од тоа време како што е групата Мизар, која своевремено пружи можеби најголем придонес во тој стил од сите групи во тој стил тогаш.Од модерните бендови познати ми се Bernays Propaganda кои имав прилика да ги гледам во Загреб, како и групата ХАХАХА.Минатата година се изненадивме од квалитетот на македонските музичари кои ја спојуваат традиционалната музика со jazz fusion, иако Македонија е позната по тоа уште од времето на Леб и Сол. Музичарите кои ги сретнавме минатата година во Прилеп на вистина беа извонредни.Сигурен сум дека Македонија е најбогаиот музички регион од бивша Југославија и дека е во можност да понуди уште многу големи и влијателни музичари.
7.Кога би ве напнале за опис на Вашата музика, како би изгледало тоа?
Circus Noir
8. Бидејкји доста патувате и претпоставуваме дека имате свежи познавања на Балканската музика, како би изгледал Вашиот пресек на омилени изданија 2015-2016год…?
Оваа година баш и не следев што се случуваше на Балканот во таа мера да ми можел да имам некое омилено издание. Воопшто многу малку слушам нова музика па можеби и не сум меродавен да го изнесам своето мислење…
Ви пожелуваме успешен концерт. Благодариме за одговорите .Се гледаме на PRILEP JAZZ WEEKEND