Филип Стевановски е пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Вработен е како професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип и Универзитет “Гоце Делчев“ Штип. На музичката џез сцена се појавува од 2008 година како пијанист и тромбонист, а во 2010 година го издава својот прв џез албум под името “МИТ“. На албумот се појавуваат […]
FIERCE – Prilep Jazz Weekend – 2016

Fierce се дел од најмладата генерација македонски џез музичари кои енормно брзо ја освоија публиката. Нивниот звук се движи во границите на современиот џез вклучувајќи силни и иновативни рифови.Во бендот членуваат: Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин (труба).
HI CAZZ 3 – Prilep Jazz Weekend – 2016

„HI CAZZ 3“ (Хиџаз 3) е име на концертот на виртуозот на канун и саз Џенгис Ибрахим . Музиката на „HI CAZZ 3“, која излегува од клишето на обичен концерт, ја насловуваат како „рајска музика“. Големиот музичар, теоретичар и педагог, виртуозот на рајскиот инструмент канун и мајсторот на уште неколку стари турски инструменти како уд […]
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО – Prilep Jazz Weekend – 2016

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Македонија во една театарска фамилија. Започна да свири гитара на тринаесетгодишна возраст, а во доцните тинејџерски години ја формира групата ЛЕБ И СОЛ, која стана еден од најзначајните имиња во музичката сцена на поранешна Југославија. ЛЕБ И СОЛ зад себе има 14 албуми и турнеи низ […]
FRANZ KAFKA ENSEMBLE – Prilep Jazz Weekend – 2016

Ансамблот Франц Кафка е нов шесточлен бенд составен од членови на Cul-de-Sac, Peach Pit, Haustor, Brujači, Porto Morto, Antenat… Користат елементарна афричка музика, современ џез и math-rock со заиграна film-noir атмосфера. Тој микс луцидно, прецизно и шеговито го нарекуваат circus-noir жанр. Заради филмичноста на својата музика бендот Франц Кафка веќе креираше и изведе неколку саундтраки […]
DJ ШУРБЕ – Prilep Jazz Weekend – 2016

Диџеј, радио-водител, промотер, издавач, музички критичар… Костадин Шурбановски – Шурбе е вистински познавач на музичката уметност во речиси сите нејзини форми, стилови и нијанси. Со над 20-годишно искуство, тој е еден од најзначајните, најконстантните и најпродуктивните актери на домашната музичка сцена и неодминлива алка во синџирот на непрекинатото тежнение кон квалитетното освојување на урбаниот простор. […]
CHUI – Prilep Jazz Weekend – 2016

„Chui“е млад хрватски трио, кој негува еден малку поинаков пристап кон џезот. Спојот на современата клупска денс музика во комбинација со џез, електронски и бескомпромисен рок енд рол пристап, веќе со првиот албум „ Dancing Bear 2012“, му обезбеди на бендот култен статус на хрватската музичка сцена. Кон крајот на 2013 година, после „Dancing Bear“, […]
DINE DONEFF’S LOST_ANTHROPOLOGY – Prilep Jazz Weekend – 2016

Дине Донеф или Костас Теодору е активен на грчката музичка сцена од раните 80-ти. Исправен пред изборот помеѓу училиштето или музиката го напушта родното село во западна Македонија и доаѓа во Солун, каде го надградил духот преку истражување на животот низ музиката. До 90-тите работел како аранжер и водач на ансамбл, продуцирајќи музика од истакнати […]
HASHIMA – Prilep Jazz Weekend – 2016

„Hashima“ е белградски состав, кој соединува повеќе поранешни музички искуства и прави музика, која стилски е тешко да се категоризира. Како инспирација го издвојуваат Вејн Шортер, Василије Мокрањац, Игор Стравински, како и рок и фолк музиката. Поетиката ја црпат од европскиот уметнички филм и книжевност, кои сублимно се преплетуваат со ткивото на авторската музика и […]
BIG BAND MRTV – Prilep Jazz Weekend – 2016

Биг-бендот на МРТ е формиран во 1961 година. Негов прв диригент е македонската музичка легенда Драган Ѓаконовски-Шпато. Oркестарот претставува вистински стожер на македонска забавна и џез музика. Ги придружува, речиси сите наши пејачи и ги реализира сите изданија на Скопскиот фестивал. Напоредно со таа дејност Биг-бендот на МРТ исполнува и снима оркестарска џез литература. На […]