Неколкумина прилепчани вљубеници во модерната JAZZ музика, а со желба за збогатување на музичкиот живот во градот , иницираа манифестацијата која ја нарекоа Прилеп џез викенд.
Локалната самоуправа ги препозна искреноста , желбата и заложбата за следење на вистинските светски културни вредности и застана позади целата идеја.
Прилеп Џез викенд се одржува последниот викенд во Август месец.
Првото издание на фестивалот беше во 2012 година.