Кекко Форнарели Трио во моментов е еден од најценетите џез-бендови на меѓународно ниво. Tурнејата на која настапи во повеќе од 35 земји низ светот во последните четири години- Европа, Азија, Австралија – доживеа огромен успех насекаде. Оригиналната интерпретација на најповеќе класични џез формации, овој ансамбл со три италијански џез виртуози (Кекко Форнарели, пијано & Федерико Пекораро, елeктричен бас, Дарио Конџедо, тапани ја отелотворува идејата на Форнарели за музика која се набљудува, повеќе отколку што се слуша.
Интензивна работа надвор од шаблони, визионерска идеја надвор од жанрови, надвор од формата, надвор од самата музика, но верни на интензивната душа на Кекко и неговата вродена вокација на изразување и комуникација.
Денешното запознавање на Кекко Форнарели, кога вашите емоции танцуваат со неговата музика, е искуство обоено со вистината и убавината.
Нежни гестови, тивки и страсни дијалози во исто време кога Кекко се отвора кон публиката и нуди чувствителност на слушање души. Приказната за животот роден за музика – по една година интимност – позрела, повизионерска и поодлучна од било кога.
Kekko Fornarelli – пијано
Dario Congedo – тапани
Federico Pecoraro – контрабас
www.facebook.com/kekkofornarellipage