ДЕЦА ЛОШИХ МУЗИЧАРА е београдски бенд, основан во далечната 1988г. Под влијание на новиот амерички звук со доминантна дувачка секција, деби албумот „Добар дан“ го снимаат во 1992г. Нивната кариера е проследена со креирање на разиграна, енергична поп музика, комбинирана со непредвидливи духовити прикаски на улично освестени момчиња од београдското предградие.
ДЛМ голем дел од својата нагло стекната атрактивност ја должат на нивното умешно користење на различни делови од рок музиката, при тоа придржувајќи се на својата филозофија дека од сето тоа не треба да се прави некаква мудрост, ниту да се праќаат животните пораки преку песните. Си дадоа себе за право да ги искомбинираат жестокиот звук на електричните гитари и фанк басовите, со моќната дувачка секција.
Во нивната дискографија запишани се и албумите „Пролечни дан“ , „Вирус“ и „…где цвета Samsung жути“.
Деца лоших музичара се:
Zoran Milivojević Mikac – тапани
Zoran Živković Žika – бас гитара
Lazar Ilić – гитара
Nenad Petrović – вокал
Mihajlo Bogosavljević – тромбон
Ivan Teofilović – саксофон
Borislav Veličković – труба