Квартетот го основа Max Kochetov , украински музичар кој живее и работи во Белград. Се собираат млади музичари , но со богато музичко искуство : Max Kochetov – алт и сопран саксофон, Александар Грујиќ – клавир, Милош Чоловиќ – контрабас и Александар Цветковиќ – тапани. Квартетот веќе стана препознатлив по специфичната авторска музика во стилот „Post-Bop“ и начинот на негово изведување.