Изразот на Fierce е инспириран од потребата за музички и општествени промени во македонското конзервативно општество. Претставува звук и форма на современ џез, создадени од млада генерација на македонски музичари, со иновативни мелодии, рифови и ритмови. Во 2018 година излезе нивниот нов албум UTOPIA чија презентација ќе можете да ја видите во четврток , 30 Август 2018г, на сцената од Prilep Jazz Weekend.
Гитара – Горјан Стојменовски
Тапани и перкусии – Виктор Филиповски
Контрабас – Марко Василевски
Алт Сакс – Борислав Веселинов
Труба – Сенад Усеин