Дориан Јовановиќ – ут
Зоран Павлоски – бас
Филип Крстевски – тапани/удиралки
Предводено од Дориан Јовановиќ, ова ут трио тргнува на пат околу светот за да во една музичка парабола ја пронаоѓа „вечната златна нишка“ која што се провлекува во музиката од различни краишта, но не е секогаш толку звучна и јасна.
Дориан, попознат по своето учество во Стринг форсес и Чалгија саунд систем, а пред тоа како еден од оснивачите на Сет (денешни Сетстат), пред скоро дваесет години беше заразен со мистичниот звук на утот поради што почна да го учи и свири, а во еден краток период и кај големиот Симон Шахин. Кај нас, утот е присатен пред се во чалгиската музика, поради што во музичкиот пат на Дориан од тој момент се појавуваат, прво составот Калдрма (со албумот Калдрма – Чалгиска музика, 2004) во 2004 година, а потоа, преку албумот Свиленкаст пат (трет албум) на Стринг форсис од 2006 година и школата за чалгија која што Оркестар Пеце Атанасовски заедно со Профундус ја организира во 2006, и Чалгија саунд систем во 2008 година. Со Чалгија саунд систем, Дориан до сега има снимено и издадено два албума, првиот во 2010 и вториот во 2019, со многу настапи посебно во Македонија и во регионот.
Филип Крстевски, академски перкусионист, професор по ударни инструменти, член во повеќе групи со различни музички изрази, но и член-перкусионист во Чалгија саунд систем.
Долгогодишен колега на Дориан, со кој, и покрај големата старосна разлика, многу добро се разбираат во водите на чалгијата.
Зоран Павлоски, е веројатно е еден од поприсатните контрабасисти кои што освен во класичната музика одлично се снаоѓаат и во други жанрови, пред се во џезот. Со големо искуство и знаење, кој што си ги познава инструментите многу интимно, затоа што и самиот ги прави.
Според составот оваа музика во својата основа ќе ја задржи импровизацијата како главен погон, но ќе се одалечи од стриктните хармонски форми и вертикални структури на џезот. Ќе раскажува со мелодии кои ќе ви бидат блиски и интимни, но не знаете од каде. Ништо од тоа не е ни битно, сето тоа е „вечната златна нишка“.