Филип Стевановски е пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Вработен е како професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип и Универзитет “Гоце Делчев“ Штип.
На музичката џез сцена се појавува од 2008 година како пијанист и тромбонист, а во 2010 година го издава својот прв џез албум под името “МИТ“.
На албумот се појавуваат негови авторски композиции и гости кои што се големи џез имиња на Македонската и светската џез сцена.
Овој албум добива многу позитивни критики и коментари.
Својот бенд го создава во 2009 година по името ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ КВАРТЕТ, и со него настапува на сите фестивали низ Македонија
До сега имаат издадено 5 албуми.
Во моментов Филип Стевановски работи на своите два авторски албуми каде што ги работи во формација на ЏЕЗ трио под името ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ ТРИО со одредени гости.
Тој во моментов работи на проект кој што ги нагува нашите традиционални ритмови, измешани со звуците на џез музиката, како и латин џез стилот, свингот и сл.