Тони Китановски се опишува себеси како композитор кој свири гитара. Сметајќи дека како напреден инструменталист не му е во карактер да му биде кажано како да го свири својот инструмент, најдобар начин да ја усоврши гитарата е преку изучување на композиција. Благодарение на наградата Роберт Шер во форма на полна стипендија дипломира на престижниот Беркли колеџ. За време на студиите ја добива наградата Чарли Мингус за врвни музички достигнувања.
Композиција изучува под менторство на Грег Хопкинс и Херб Померој, специјални студии по композиција и аражирање со Денис Грило (ученик на Пол Хиндемит), посетува семинари по композиција на Ѓорѓи Лигети и Лучијано Берио на Конзерваторијумот на Нова Англија и на Харвард.
Покрај голем број композиции за џез состави автор е и на синфониски дела, музика за филм, театар, перформанс и современ танц.
Професор е по џез гитара и композиција и ја обавува службата декан на Музичката академија во Штип.
Триоото со кое ќе се претстави пред прилепската публика е следно:
Тони Китановски – Гитара
Оливер Јосифовски – Бас
Виктор Филиповски – Тапани