Кукурек (Cuckoo rack) е џез ансамбл кој обединува петмина од највлијателните македонски џез музичари од помладата генерација: Кирил Кузманов – алт саксофон, Трајче Велков – труба, Гордан Спасовски – пијано, Кирил Туфекчиевски – контрабаc и Виктор Филиповски – тапани. Станува збор за музичари со големо искуство кои своето музичко знаење стекнато во земјава и странство и на Џез Одделот при Универзитетот за Музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија, кое успешно го пренесуваат пред македонската публика, но и директно на помладите генерации, паралелно работејќи и како едукатори, поставувајќи нови стандарди на македонската џез сцена.
Кукурек (Cuckoo rack) изведува своја авторска музика, но и адаптации на џез композиции кои извршиле влијание врз изградбата на нивниот музички израз кој опфаќа релативно широки размери, движејќи се во рамката на современата европска џез музика, со влијание на современата Њујоршка сцена.