Кантон6 е битие од Македонската митологија.
Музиката е негово орудие за откривање на тајната историја.
Музичарите кои го сочинуваат се гласници на Македон.
Тие се тука да пренесат атмосфера, но и вистина.
Нивниот жив настап има трансформативна моќ.
Џезус е откровение.
Вистинска приказна за настанокот на џез музиката.
Џезот како Македонска традиционална музика.
500.000 години традиција.
Автентична традиција која го освои светот.
Кантон6 е пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар воопшто. Цврстиот електронски бит и посветеноста кон импровизација се основите на кои се гради еклектичниот звук на бендот во последниве 20 години. Постојаната промена и желбата за авантура, го доведоа Кантон6 до големото џез откровение, па последниве неколку години за бендот се исполнети со бројни соработки и лајв импровизации. Таа активност резултираше со третиот по ред, неверојатно интересен албум “Џезус“, во кој на основните членови, во бендот се приклучи и извонредниот џез и класичен тромбонист, лидер на легендарните Сетстат, Владан Дробицки. “Џезус“ носи посве оригинален звук, но и длабоко мистичен призвук. Основната електроника е третирана во македонски етно манир со модерен допир, а вкрстувањето со џезот е храбро, но природно. Небаре Мајлс Дејвис свири зурла врз тешкото. Не е претерување ако се забележи дека во оваа инкарнација, џезот звучи лаконски наш, како отсекогаш да бил традиционална македонска музка. Ако ова ви звучи малку лудо, тогаш сте на прав пат. Кантон6 отсекогаш и биле малку луди. Во секој случај, комплексноста на звукот и идејата ќе може да се проверат на нивните настапи во живо, кои ветуваат сосем нова музичка и церебрална авантура.
Персонал:
Мирко Попов, машина, вокали
Синиша Евтимов, синтисајзери, гитара
Владан Дробицки, тромбон
Дискографија:
Rock Around the Clock [EP, 2010]
Turbo Volk [EP, 2010]
Сречно! Xmass EP [EP, 2010]
V.E.P. 20115 [EP, 2011]
Пешкото [EP, 2011]
Chill Folk [ALBUM, 2011]
Здраво Млади [SINGLE, 2012]
Жими Крс’ не сум Нашмркан [SINGLE, 2012]
Дневник 1 [EP, 2013]
Деца на МРТВ [ALBUM, 2013]
Monarhia [EP, 2017]
Plage de la Ville [EP, 2020]
Imperial March [EP, 2021]
Jazzus [ALBUM, 2021]
Корисни линкови: